Игри за бебе од 9 месеци

Освен цртани и дубаче, мислев дека нема некој посебни игри или активности со кој можам да го задржам вниманието на синко. Но се испостави дека грешам и тоа дебело. Открив финти со кој денот на синко ќе му биде исполнет и интересен. Ако сте во потрага по нови активности, спремна сум да Ви ги откријам нашите!

1. Поделба на играчките – синко имаше среќа да наследи од постариот брат еден тон мечиња и играчки. Повеќето беа зачувани, па не моравме да потрошиме мало богатство за нив. Исто така добивме и многу за 40 дена кога во посета ни дојдоа сите знајни и не знајни роднини и пријатели. Бидеќи како и секое друго дете брзо му здосадуваат, ги поделив во 3 кутии и секоја недела ги ротирам. Така секоја недела им се радува на “новите” и е пресреќен што “за прв пат” ги гледа!

2. Гумени играчки во сите облици и бои – освен што се интересни и шарени, тие се супер помагало за вадење на забите. Синко ги обожава и воедно си ги чешка непцата со нив. Би ве посоветувала само доколку имаат свирчиња да ги извадите, поради безбедност на вашите дечиња и се разбира да процените кој се оштри или небезбедни и би ги причувале за понатаму. Особено многу се радуваат на глодалките (со течност внатре и различни текстури и бои), сликовниците, патки за бањање ( во нашиот случај никогаш не стигнаа до вода) и се друго што предизвикува интерес кај бебето.

3. Сликовница – обично се дизајнирани за поголеми дечиња, и не би советувала да ги оставите да ги играат без надзор. Имаме неколку сликовници кој особено ги сака синко, меѓу нив и таа со нитни на кој се закачуваат и откачуваат животните како копчиња. Опасноста се состои во тоа што се помали, но не се премногу ситни, сепак отворете 4 очи. Интересни се и сликовниците со звуци, но дури и обичните ќе ви послужат за читање и разгледување со бебе.

4. Шише со макарони – во замена за класичните тропалки, создадете си своја! Во мало пластично шише, ставете една рака крупни макарони и цврсто затворете го шишето. Резултатот ќе ве изненади!

5. Се што произведува звук- клавирчиња, тропалки, табли со музика, пластично телефони, колички со музика, мече на притискање ….. се што не произведува прегласни звуци ќе биде новата омилена играчка на вашето бебе. Понекогаш играчките немаат копче за подесување на звук и се прегласни- едноставно залепете го со салотејп трака звучникот.

6. Бу! – кога бевме на контрола во 7миот месец, докторката му го покри лицето на синко со марамче и чекаше да види колку брзо рефлексно ќе изреагира. Тоа сега стана наша игра. Го покривам со нешто (блуза, салфетка, влажно марамче, кебенце….) на лицето и кога сам ќе се открие велам Буууу! Олд тајмер игра од наше време.

7. Танц– понекогаш пуштаме гласна музика (строго од радио, бидејќи телевизорот му го одвлекува вниманието), го ставам на кук и играме танго. Се вртиме, пееме и се смееме. Синко е пресреќен!

8. Муабет– освен основните БА-БА и МА- МА си муабетиме на некој измислен јазик. Забележете дека ако му упатите некаков слог на бебе, ќе се обиде да ви врати, односно ќе комуницира. На тој начин ќе го подготвите за полесно да научи да зборува.

9. Кутии и корита– понекогаш основните безмислени работи знаат да бидат најинтересни играчки. Сте го возеле бебето во корито? Јас да! На среќата и немаше крај!

10. Мали чекорчиња– синко особено е среќен кога ќе му подадам два прста да се фати за нив и да стане. Исто е и со народски кажано “паткањето”.

11. Гледање низ прозор– исто како гледање на ТВ, ама уште подобро. Почнете заедно, по неколку секунди и секој ден зголемувајте ја дозата.

12. Забранети предмети – јас лично не дозволувам синко да си игра со мобилни телефони, далечински управувачи, кабли, кршливи или оштри предмети. Сметам дека има доволно активности и дозволени предмети со кој може да го исполниме денот максимално. Иако знае дека не смее, го прекорувам со гласно НЕ кое делумно функционира, а потоа одам и го земам предметот, заменувајќи го со некоја играчка.

Некогаш, во текот на денот му дозволувам да погледа ТВ на одредена далечина, строго контролирана содржина ( песнички, цртани, Биби….), кога нешто морам да направам или кога сам бара. Не сум пресреќна за оваа постапка но кога ви се оди во тоалет или имате манџа на шпорет итекако е корисна алатка за завршување набрзина некоја обврска. Со гледањето на ТВ (мобилен, таблет, компјутер) му ги лимитирате комуникациските вештини и го ограничувате во осознавањето на околината и активностите. Можете да ја проверите оваа тероија со 3 дневен тест на допуштање ТВ или целосна рестрикција.

Споделете ги и Вие вашите игри и активности со нас!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s