Не заборавајте на времето посветено себеси…

Откако ќе дојде малиот член дома заедно со мама, целиот свет се врти околу него, сосем нормално. Тогаш е најважно да препознаеме што бара кога плале, дали е гладно? Му се спие ли? Дали нешто го боли?

И сосем нормално е во таа новонастаната (мешаница) ситуација комплетно да заборавиме на грижата за себе. Но грижата не значи да го оставам бебето цел ден некој да ми го чува и да одам во спа, грижата подразбира ситни моменти на внимание за себе и само за себе. Ќе се сложам со Вас дека на почетокот, тоа е скоро невозможно и се сведува на едно бањање, миење лице и можеби (големо можеби) малку шминка, да го прикрие измореното лице на мајката од непреспаните ноќи. Но како бебето расте, така и грижата за себеси не треба да престанува, туку да расте.

Некогаш некој ми кажа дека најголем подарок за мажот е средена жена, а за детето среќна мајка. Па ќе се сложите дека ова некако си оди рака под рака едно со друго.

Нема да лажам дека кај мене од старт не се појави постпородилна депресија која ми се случи не само поради вишокот килограми, незнаењето, збунетост и сл, па на моменти сакав да си бидам со моите раздрпани и повратени тренерки, со пунџата што изгледаше како да сум си засадила кактус на глава и така со денови. Станав онаква каква што никогаш не сакав да бидам.

Доаѓањето на новиот член, не значи крај на твојот живот. Тоа значи нов почеток.

Една слика која ја направивме со синко длабоко ме потресе, изгледав како да сум 20 години постара безживотна, средовечна жена. И тоа беше крајот на самосожалувањето за мене. Не сакам и не заслужува мојот син да има таква мајка каква што бев во тој момент. Нешто морав да превземам и тоа веднаш!

Веќе следниот ден, позејмив од парите на син ми (од оние за да си купи сестричка) и истрчав на фризер. Какво освежување! Следната недела отидов на депилација и маникир. Потоа почнав да се поднашминкувам, па да слабеам, па да се дотерувам….. и така конечно денес можам да кажам дека ја завршив таа неславна епизода на самосожалување, презир и негрижа за себеси!

Понекогаш е тешко да се најдат вистинските зборови за да се мотивираш себеси. Но нели е доволна мотивација малото насмеано лиценце на кого си му подарила живот? Нели тоа заслужува убава мајка? Зошто само убава и негувана мајка е среќна жена, а секое дете заслужува среќни родители. Промената почнува од тебе!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s