Температура, кога да го уклучите алармот?

Деновиве се соочив со едно страшно лудило. Се вика температура кај бебе. Иако еднаш имавме температура околу 6тиот месец, како рекција на втората вакцина таа брзо спадна и не отиде погоре од 37.5.

Сите знаеме да дадеме вакви или онакви совети, но најважно е како реагираме во дадениот момент. Јас паничам многу пред да се случи и по случувањето ми треба период да ги сварам случувањата, но знам да се изненадам себеси со постапките во дадениот момент.

Зима и настинки, вируси и грипови од сите можни страни. Колку и да го пазиш, ќе отидеш ти некаде, некој ќе ти дојде, нема да сака да се облече, или сам ќе си се расиблече… понекогаш треба многу малку за да се случи проблем.

Дента синко немаше никакви индикатори дека нешто може да се случи. Беше весел и расположен како и секогаш, скокаше и растураше играчки на сите страни.

Забавата почна приквечерта кога оддеднаш клапна како да му се спие. Цела вечер качуваше и симнуваше температура. Максимум качи 38.7. Но и тогаш не дадов ништо, а во меѓувреме активно барав природни начини како да симнеш температура. Неколку пати го испоразбудив обидувајќи се да му измерам температура, па она што го научив овие два дена е:

1. Секогаш имајте си класичен топломер при рака, но не е лошо да си набавите и безконтактен кој мери температура за 3 сек. Цените им се движат околу 2000 ден. Топло препорачувам, спас е за такви моменти.

2. Како и секоја мајка ќе доживееш момент на лудило, бидејќи е ново и непознато, но: температурата всушност е одговор на телото кое се бори со настинката ( вирусот, грипот) или е показател дека постои жариште некаде и алармира. Мајката да се смири и да не преживува панични напади ( како мене, пропратени со плачење и трескање глупости) и да направи што е во нејзина можност.

3. Раскомотување на детето секогаш помага. Уште во моментот се распиложи и веднаш симна за 0.5 степен. Не постои дете што не сака да биде голо.

4. Ако не помага број 3, пробајте со млако туширање (но не ладно!)

5. Некаде прочитав дека температурата никогаш не се вади од главата, значи почнете со ладни облоги по телото. Можете да го намачкате детето и со кисело млеко или јогурт (истото го практикуваме и ако изгориме на одмор нели?)

6. Рендан компир, оцет или сенф во чорапи и да се облечат.

7. Добар показател е ако рацете и нозете останат топли. Тоа значи дека телото одлично се бори против температурата. Но ако се ладни, значи дека детето ќе крева температура.

8. Не заборавајте на течности! Форсирајте да пие било што, чај, вода, сок, овошје со многу сок, витамин Ц…. зависи од возрста на детето

9. Нема простор за паника! До 38.5 пробувате да помогнете со овие начини, од 38.5 активирате чепчиња, сирупи, или носете го детето на дежурен.

10. Многу е важно да запомни секоја мајка дека не постои дете што не кренало температура. Впрочем и ние така сме растеле. Побарајте совет од постарите, јавете се за помош, прашајте поискусни, останете прибрани и фокусирани.

Со лесно!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s