Кога “Не” навистина значи “Не”?

Првите месеци на бебето се полни со први нешта, првата насмевка, првото забче, првите чекори…. но и првите глупости.

Син ми сеуште не е прооден, но и во дубаче и ограничен простор на движење успева за направи бељи.

На пример, пред 1 месец може и повеќе, бев сама со него. Дневната и кујната ми се во иста просторија. Тргнав да му блендирам каша. Додека јас ја спремам кашата (во рок од 3 мин) успеал со дубакот да го истурка столот (читај ограда), грабнал еден фикус што го добив за Нова Година и го тегне… додека забележам, додека почнав да викам: Нееее…!- финусот беше на земја декорирајки ја дневната соба и тепихот со земја….

8c776d0c95e1bdec08334b4d1a3157d1.jpg

Понекогаш знам да го земам со мене во кујна, а омилена играчка му е кантата… ти викај си НЕ, ако немаш друга работа, тој ме погледнува, се кочи на секунда и си продолжува….

Забавно ни е морам да признаам. Освен што се ни р кренато ван негов дофат, дома ни изгледа оградено како да чуваме лав, првата помисла кога ќе влезе некој кај нас е дека кречиме или се селиме… за да стигнеш до тросед треба да се движиш цик- цак (стол- маса- стол- оградица- двосед- количка за шетање…)

И покрај сите разместувања од наша страна, помислив, чекај, мора да постои команда која функционира, да разбере, барем за минута да застане, најважно за негова безбедност.

Прво побарав на интернет, таму пишува дека децата почнуваат да ги препознаваат зборовите (не и браво) уште на 9 месеци, но зошто тогаш мојот син не разбира?

Тогаш се обратив на искусни мамички, оние кој се постручни но и знаат повеќе од оваа тематика. Разговарав со мајката која стои зад профилот (на инстаграм) razvoj_niz_igra, а нејзиниот совет ме смири и ме натера да го погледнам проблемот од друга перспектива:

Најпрво погрижете се просторот во кој се движи да биде безбеден. Ако знаете дека нешто може да скрши или да го повреди – тргнете го. Секогаш имајте го под надзор. Кога ќе забележите дека се приближува кон нешто што не треба да го допре, одвлечете му го вниманието нудејќи му нешто безбедно. Децата судат за ситуацијата по реакцијата и фацијалната експресија. Затоа “Не” нека биде придружено со сериозен изглед. Физички преместете го на страна од предметот. Наместо “Не!”обидете се да користите други зборови како “жешко!”, “какано!” затоа што до третата година децата не го разбираат зборот “Не” како што го разбираат возрасните.” – вели таа.

Оваа новоосознаена техника функционира совршено. Малку и јас навлегов во улогата на намуртена мајка и со поглед го расплакав- ок, примена сум за улогата мајка на годината.

b864e94e7487492df8577284d951882d.jpg

Значи се што не функционира, најверојатно е грешно изведено, т.е. пристапот ми бил грешен!

Ќе речете можеби претерувам, мал е, но јас мислам дека тие мали итреци разбираат многу повеќе, манипулираат кога ќе им се даде простор и уште од сега проверуваат што “пали” кај мама, а што кај тато.

Клучот на доброто воспитување е да се почне со време, да ас постави граница и авторитет. Подобро да се расплаче зошто велам не, кога сака да брцне во штекер и притоа да истраам барем 5 мин сериозна, отколку да плачеме сите….недај Боже.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s