Како да поминете ефтино, а сепак паметно кога Ви треба подарок?

Јас отсекогаш заборавам дека доаѓа некој битен датум. Дали е тоа сега Валентајн, дали е тоа неговиот роденден, годишнина, месечнина, што и да е… и тогаш кога треба да купам нешто, јас сум секогаш шворц. Затоа размислувам и размислувам, како да поминам ефтино, да изиграм паметно, сепак да изгледа како да сум вложила многу енергија и пари, и да падне у несвест од изненадување? Еве ги моите идеи:

1.Едно од наједноставните решенија е да му купите долна облека. Нема да поминете поскапо од 500 ден. Сега, можеби тој носи класични боксерки или гаќи, строго во бела боја или без дезени, е тогаш купете тотална спротивност кога се боите во прашање. Земете црвени или црни….Најавете му дека тие се долна облека за посебни пригоди, а ако се буни за бојата одговорете дека, нормално нема да ги носи секој ден, туку само за/со тебе.

2. Ако сте ужасен готвач како мене, следнава идеа е за Вас. Полуготови благи мафини. Ги купувам од супермаркетите, нема утка. Во смесата од кесичката само додавате вода и зејтин (пишува на нив колку треба) и печете во калапи. Одозгора декорирајте со крем, шлаг… било што… дури можете и да напишете нешто на нив. Друга варијанта е да нарачате од слаткара.

3. Карикатура. Ако е забавен тип и поднесува шала на своја сметка, ова е идеалниот подарок. Ќе ве чини до 1 500 ден (со рамка) а треба да ја нарачате неколку дена унапред. Приказната која ќе ја смислите, карикатуристот одлично ќе ја вметне во делото.

4. Еден од по иновативните подароци на кој налетав е картонска кутија, полна со чипсови, чоколадо и пиво (вино што год преферира). Убаво завиткани со шарена хартија, со машна со се комплет. Овој вид “машко пакетче” ќе ги израдува сите мажи. Додатно може да подметнете внатре и кутија кондоми (доколку се пазите), некакво масло за тело…. (нека ви проработи фантазијата)

5. Вие бидете подарокот за партнерот. Деца кај бабите, гасите мобилен, го чекате по дома, облечете се убаво, музика, свеќи, вино…. (си знаете)

За покласичните жени, или оние кој сакаат сепак нешто да купат, нема да погрешите со: часовник, кошула, вратоврска, пижами, патување за 2ца ( проверете групер или некоја ласт минит понуда), хотел некаде во Македонија или спа викенд, вечера во ресторан, нешто што одамна вели ќе си го купи а не стигнал, нарачајте пица…..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s