Модерни решенија за модерни мајки

Од самиот прв момент кога е родено бебето, непредвидливи ситуации се јавуваат една по друга како совршена безодговорна низа, на кој со сите можни сили ќе се обидете да одговорите. Дали знаете колку пати сум комплицирала ситуација, кога постоел прост одговор на мојот проблем? Милиони!

Умните мајки кај нас и ширум светот отсекогаш се користеле со модерни и практични решенија. Постојат, само треба да побарате. На пример, дали знаете колку пати до сега ми се истурило шише со вода во бебешката ташна? Во брзањето ќе ми се преврти торбата, нема да забележам… и ете… пиеш кафе и сушиш торба… Пробував да ставам ќеса, па го врзував, па од внатре со кеса, па затврено, па не е хигиенски.. па носев шише и вода во шише посебно, за да на крај налетам на капаче (заштитник ) кое се купувало дополнително….. ОК!

Слична ситуација имав и со чувањето на млеко (адаптирано). Го чував во теглички измиени од кашичка. Па капачето е лабаво, па отворот е 2 пати поширок од отворот на шишето, па ти се сее млекото на секаде, па бараш лажичка да претуриш млеко… драма! Но, благодарение на потсмевот на една мајка, која ме праша, од кој век сум била, решив да ги земам проблемите во свои раце и да проверам што нуди пазарот.

Решение нормално најдов веднаш! И се заљубив во истото! Се снабдив со диспанзер за млеко чија цена е сосем прифатлива, а функционалноста е непроценлива.

Прво- изгледа многу модерно ( го има во женска и машка варијанта), изработен е многу внимателно, од фина пластика, нема оштри врвови или груб материјал. Лесно се чисти и се мие. Има три прегради ( може да чувате дури до 3 оброци), собира и до 270 мл. адаптирано млеко, а сепак мал е, практичен, и го собира во секоја торба (односно не зафаќа многу простор). Капачето се врти како би дошле до следниот оброк, и најважно од се, самиот отвор е приспособен да не направи хаос додека припремате јадење за бебушко, туку директно го внесувате адаптираното млеко во шишето. Совршено!

Мојот диспанзер за млеко е во сопственост и производство на брендот Dr. Brown’s и е MUST HAVE производ за сите тазе мајки. Мене ми беше посочен од поискусни мајки дека е еден од поубавите, секако диспанзери за млеко како и се друго ќе најдете секакви, со сечии потпис, но важно е да верувате во квалитетот и долготрајноста на производот нна брендовите. Јас одлучив да им верувам нив, и не погрешив! Најважно од се е дека е достапен во сите аптеки на Еурофарм во Скопје, Битола и Кавадарци или на нивната веб/инстаграм/фб страна.

Она што е уште поинтересно е дека не можам да му најдам ниту една маана. Стабилен, убав на изглед, беспрекорно си ја врши својата работа. Убав и модерен! Топло го препорачувам на секоја мајка!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s