Годишните времиња во нашиот живот

Неодамна бев на предавање каде една од главните водачи на програмата зборуваше за мотивацискиот говор на Џим Рон- 4 сезони на животот. Одпрвин не разбирав, каква врска има ова со мене? Но размислувајќи подоцна на многу теми всушност сфатив дека во секој сегмент од животот ние имаме 4 сезони (зима, прлет, лето и есен)

Сигурно сте ги слушнале изреката: Животот/Работата се менува како што се менуваат годишните времиња.

Не можете да го измените текот на годишните врмиња, не можете ни да имате 5 лета а ниедна зима. Не можете да го промените текот на годишните времиња, но затоа пак можете да се промените себеси, и перцепцијата кон нив. Човекот може да живее на еден начин 15 години, а потоа да реши дека од утре комплетно ќе се промени и да почне да живее сосема поинаов живот. Природата тоа не го може, но затоа пак ние можеме да се адптираме на неа. Мајка ми често велеше, ако нешто не ти се допаѓа смени се, оди напред, не си дрво што пуштило корени.

Но за да го промените животот, работата или што и да не ви се допаѓа во вмоментов и не оди во насока која Вие сте зацртале, постојат неколку едноставни работи кој треба да ги запаметите:

Зима. Годишните времиња според Џим Рон стартуваат со зимата. Најпрво треба да научите како да се справите со зимата. Зимата најчесто го претставува разочарувањето, неуспехот, страшниот почеток на нешто ново кое не знаете како ќе се одвива понатаму. Животните Зими се случуваат секому,(смрт во семејството, развод, неуспех во работата…) траат онолку колку вие ќе дозволите, ноќите се долги, темни и студени. Тогаш знаете дека настапила зима, и дефинитивно мора да се случува промена. И треба да знаете дека не се вечни! Ниту пак да дозволите да западнете во зимски сон.

Пролет – секогаш доаѓа. Колку и да се чини дека зимата никогаш нема да си замине, пролетта доаѓа. Но, доаѓа тогаш кога вие ќе решите да направите и најмала промена во својот живот. Пролетта доаѓа, тоа значи треба да ја искористите. Да посадите нешто кое во есен ќе го оберете (да почнете со вежбање во пролет, за да во есен ја видите промената која ја баравте, да почнете да излегувате за да во есен видите партнер крај себе, да се посветите на работата за да во есента доживеете успех и финансиска стабилност). Точно зимата не трае вечно, но не трае ни пролетта. Пролета се нарекува уште и прозорец на можности. Но ако не ја искористите оваа пролет, ќе те реба да ја чекате дури наредната. Не бидете мрзливи, особено не на пролет.

Лето– летото уште е наречено и време на предизвици. Да барате нови можности но и да внимавате на вашите непријатели. Запомнете ги вашите вредности. Помашајте им на пријателите, дајте го најдоброто од себе во работата/ персоналниот живот како што мајката го дава најдоброто од себе за своето дете. Вложете се целосно, посадените семки од пролетта треба да ги пораснете, да им дадете што и да е потребно за да вродат со плод. Како татко, застанете и спротиставете се на непријателите кои ќе наидат за да го растурат она што вредно го правевте цела пролет. Летото е за борба, за одбрана, но и за соочување со внатрешните непријатели, оние во мислите.

Најчесто е колебливоста, еден од непријателите, дали го направив правиот чекор? Дали одлучив правилно? Дури и одлуката да е погрешна, важно е дека е одлука! И да не е добра, ќе вроди со искуство, ќе научите од неа, како во иднина да одлучите дали нештото е правилно или не е.

Сомневањето во себе е исто така голем непријател. Верувајте во себе, дека можете, дека ќе успеете во она што го започнавте.

Грижата е уште еден непријател кој ќе проба да го расипе вашиот труд. Грижата нека биде аларм дека треба да сте на готовс, ако нешто тргне лошо, но не и да ве одвраќа.

Песимизамот е уште еден непријател, научете како да го контролирате. Да постои и црно во светот, но постои и бело, постои ноќ, но постои и ден, постои лошо, но постои и добро во животот.

Есен– или сезона на собирање плодови (успеси). Времето кога ќе си признаете себеси дека напорното вложување во себеси и промената вродило со плод. И признајте си себеси дека успевте. И не се извинувајте за тоа што сте успеле, никому, гордо кажете си себеси, јас ја заслужив оваа награда/ успех/ промена. Ја добив, но ја заслужив. Често кажувајте си себеси- Горд/а сум на она што го правам! И тогаш кога вие ќе ја препознаете убавината во собирањето на плодовите, дошла вашата Есен.

Животот е составен од падови и успеци, од ноќи и светли денови, од сонце и облаци, од црно но и од бело. Научете да ја препознаете Вашата зима и превземете нешто. Шанса секогаш ќе се отвори за да креирате од себеси подобра верзија, подобра мајка, подобар работник, менаџер, пријател…. Што и да е, секогаш сетете се на 4те годишни врмиња во животот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s