Македонски содржини на медиумите

Во наше време, зборувам почетокот на 90тите растевме и уживавмме во мноштвото македонски ТВ содржини и иако не беа на дофат ( на само еден клик како сега) во секое време, се знаеше точно кога што има и се чекаше. Обично на ЕДО уште тогаш се даваа филовите на Дизни, но затао на македонските канали имаше Дајте Музика, Наше Маало, Бушава АЗБУКА, разни фестивали со детска музика…..

Бевме преплавени со детски информативни емисии кој не само што не занимаваа туку и не учеа за разно разни билки, песни, личности, за братство и единство… И потоа оддеднаш МРАК. Немаше повеќе емисии, се дава само репризи, не се продуираше ништо ново и следните генерации пораснаа во тотален мрак. Децата кој сега имаат по 7 или 8 години пораснаа со МАМА ВОЛИ БЕБУ, и таа песна како страшно добра била… Јас такво нешто на дете никогаш не би пуштила. Не само што текстовите се очајни, туку и самото видео содржи толку агресивни бои и движења, што потоа ништо веќе не му е интересно на детето.

Друг уште подраматичен момент е растење бебе со Балканика, Планета и слични ТВ програми со ваква содржина. Да трешти телевизорот на најако и тато и бебе да буљаат в полуразголените тетки.

И таман реков стварно нема избор и содржина што да врти во позадина додека бебе си игра со гризалките, коцките и играчките, ги открив англиските Super Simple Songs. Одлични се, певливи, забавни, карактерите се многу интересни и често и јас знам да се занесам со нив…. НО, не се на македонски и тоа страшно ми смета.

И кога конечно разочарано се откажав од барање на македонски соджини, се појави таа, како светло на крајот на тунелот, палавата Биби. Веќе нема дете кое не знае или не ја гледало Биби. И Мартин ја сака, но сеуште е мал да ја разбере суштината на приказните. Сепак сакам да слуша како зборува па понекогаш ја гледаме.

Но дефинитивно не знаев што да му пеам на син ми кога се роди. Не ми текнуваше ниту една македонска песничка. Тогаш пред месец дена случајно ми се појави на YOUTUBE канал с име Лисичко. Скептична бев, но сакав да видам баш што има….

Се сеќавате на : Две Рачички со децет прсти? А се сеќавате на Топчето ми падна Калинка го грабна? Тие се песничките на Лисичко и Калинка кој ги пеат две малечки дами со ангелски гласови. Пресреќна сум што син и ќе ги пее истите песни со мене. Сега имате на дофат едно огромно богатство. Тоа е моја препорака ако некогаш западнете во зорт да гледате ТВ. Во продолжение, мојата омилена:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s