Воведување на Јагоди

Денес дома ме пречекаа јагоди. Е малку се зеленки, ама јагоди се јагоди 🙂

Оттука си го поставив прашањето, а кога смеам всушност јас на синко да му дадам јагоди? Преубави се, полни со витамини… но знам дека се и високо алергрни. И потоа се разгуглав.

Иако се полни со витамини, превкусни се и мирисаат најслатко на свет, треба да се воздржите од воведување на јагоди барем до 12тиот месец. Сепак пред да се одлучите на тој чекор, фино е да се исконсултирате со Вашиот педијатар.

Дополнително бидете внимателни ако некој од Вашето семејство имал проблем со алергија од јагодите.

Јагодите знаат да бидат полни со пестициди па затоа за Вашето дете, настојувајте да најдете органски.

Дали сте знаеле дека свежите јагоди можат да предизвикаат алергија кај Вашите деца, додека готвените многу поретко, скоро и да не. Обработката на висока температура, ги уништува супстанците одговорни за алергиски реакции. И затоа после обработка ги ставаме во детските кашички“- велат производителите на детска храна бидејќи неретко може да се сретнат капички до јагоди за бебиња над 6 месеци, што се коси со препораката на педијатрите дека јагодата се воведува по првата година.

Меѓутоа не можат да тврдат со сигутност дека доколку ги готвите вие самите дома, би ја достигнале потребната температура за јагодите да бидат безбедни и на помала возраст.

Јагодите треба да ги купите и конзумирате во истиот ден. Што подолго стојат, на нив се појавуваат темни дамки и веќе не се препорачливи за јадење. Помош при одбирање секако би била убавата црвена боја, свежиот (несовршен облик, зошто не постојат 2 исти овошки доколку се органски) изглед, и убавите свежи интензивно зелени листови.

Доколку прв пат давате јагода на дете, и тоа пројави алергија, таа ќе се манифестира со осип, кој лесно ќе го воочите. Доколку се работи за поагредивен вид на алергија, ќе настанат и потешкотии со дишењето. И во двата случаи посетете лекар.

Сепак поради стравот од алергија кај децата не смеете да им го ускратите уживањето во оваа намирница. Полна е со витамин Ц, антиоксиданси, овошен шеќер, железо, фолна киселина… се употребуваат за лекување анемија, зајакнување на крвта и го намалѕваат ризикот од појава на срцеви заболувања. Најважно- неодоливи се!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s