Како да поминете ефтино, а сепак паметно кога Ви треба подарок?

Јас отсекогаш заборавам дека доаѓа некој битен датум. Дали е тоа сега Валентајн, дали е тоа неговиот роденден, годишнина, месечнина, што и да е… и тогаш кога треба да купам нешто, јас сум секогаш шворц. Затоа размислувам и размислувам, како да поминам ефтино, да изиграм паметно, сепак да изгледа како да сум вложила многу енергија…

Кога “Не” навистина значи “Не”?

Првите месеци на бебето се полни со први нешта, првата насмевка, првото забче, првите чекори…. но и првите глупости. Син ми сеуште не е прооден, но и во дубаче и ограничен простор на движење успева за направи бељи.

Температура, кога да го уклучите алармот?

Деновиве се соочив со едно страшно лудило. Се вика температура кај бебе. Иако еднаш имавме температура околу 6тиот месец, како рекција на втората вакцина таа брзо спадна и не отиде погоре од 37.5.

Приказните на алиштата

Бодињата на долги ракавчиња, сега станале бодиња на 3/4. Копчињата долу тешко се закопчуваат, вратот малку повеќе разгрлен- време е за нов број облека!

Насмевката на мојот стомак

Поминаа скоро 9 ипол месеци од пролетното утро кога докторот ми подари насмевка на мојот стомак, малата (сега веќе) бела линија, од каде го извадија синко по 9 месечно уживање во мојот стомак

Коњуктивит кај бебето

Првиот проблем со кој се соочивме штом пристигнавме дома беше токму ова- коњуктивит. Кај бебе мало, не постаро од 10 дена, навистина не знаев со што се соочувам и како да постапам.

Ти и твојот сакан, после бебето…

Кога си во врска работите изгледаат толку идилично. Само ти и тој, и ништо друго на овој свет! Состаноци, шетања, првиот викенд, првиот одмор. Но, работите толку многу се менуваат откако бебето ќе дојде на свет….

Не заборавајте на времето посветено себеси…

Откако ќе дојде малиот член дома заедно со мама, целиот свет се врти околу него, сосем нормално. Тогаш е најважно да препознаеме што бара кога плале, дали е гладно? Му се спие ли? Дали нешто го боли?

Игри за бебе од 9 месеци

Освен цртани и дубаче, мислев дека нема некој посебни игри или активности со кој можам да го задржам вниманието на синко. Но се испостави дека грешам и тоа дебело. Открив финти со кој денот на синко ќе му биде исполнет и интересен. Ако сте во потрага по нови активности, спремна сум да Ви ги откријам…

Како се станува топ мајка?

Како се станува топ мајка? Кој ти вели, стоп, престани да се трудиш толку многу, доволно е, веќе си супер? Кога знаеш колку е доволно? И како знаеш? Патем мајчинството не ти е единствената улога во животот, не заборавај дека си и сопруга и работник и нечија ќерка и нечија пријателка….. и сето тоа треба…